Macedonia Antenna 5
Antenna 5
OFFLINE LIVE

Antenna 5

Country: Macedonia
Genres : poptop40

1994, го формиравме Антена 5 Радио со идеја Македонија да има совре­мено хит радио со комплетно нов радио израз кое ќе понуди модерна европска програмска концепција. Антена 5 во Македонија го воведе светски најраспространетиот и најуспешниот радио формат (CHR) Contemporary Hit Radio. Водителите на Антена 5 понудија нов, во тоа време модерен стил на најавување, прилагодувајќи го гласот кон ритамот на музиката и воведоа нов стандард кој создава и радио динамика, која е знак за препознатливост на Антена 5. АНТЕНА 5 од самиот почеток се вклучи во европскиот крем на радио станици кои беа собрани од музичката телевизија MTV ( MTV RADIO NETWORK), и како резултат на тие контакти и работа, стана дел од европската радио индустрија. Според резултатите од сите истражувања на слушаноста спроведувани во Македонија, веќе шеснаесет години Антена 5 е број 1 Радио по слушаност и рејтинг за целната група од 12-45 години, на национално ниво. Тимот на Антена 5 и понатаму ќе продолжи да истражува, креира и реализира проекти за публиката, со што Антена 5 ќе добие уште поголема, понова и помодерна димензија.