Macedonia Radio 5fm
Radio 5fm
OFFLINE LIVE

Radio 5fm

Радио 5ФМ постои од 18 Февруари 2001 година, кога доби лиценца за емитување програма на локално ниво. Според форматот, Радио 5ФМ е говорно - музичко радио со претежно забавен општ формат. Според музичката понуда, 5ФМ е Adault Contemporary Hit Radio (ACHR). Предавателниот пункт се наоѓа во месноста Св. Илија, на надморска висина од 555 метри. Радио 5ФМ зрачи на фреквенција од 107,1 MHz, со јачина на предавател од 100W. Дотурот на сигналот од студиото до предавателниот пункт е дигитален. Покрај Велес, сигналот на Радио 5ФМ стигнува и до Свети Николе, Лозово, Градско, Чашка, Богомила и делови од Скопје. Освен терестијално, Радио 5ФМ зрачи и на интернет, во дигитален AAC формат. Во текот на своето работење, Радио 5ФМ стана лидер во медиумскиот простор на Велес. Дневниот рејтинг на слушаност изнесува 25% на територијата на Општина Велес, а одредени сегменти од програмата достигнуваат рејтинг и преку 40%. Радио 5ФМ прерасна во "школо" за радио новинарство и радио водителство.